Претседателот Стево Пендаровски, го го искоментира ова како скандалозно барањето од Бугарија да бидат и тие вклучени во процесот на уставни измени.
„Барањето од Софија е скандалозно. Такви барања може да упатуваат само окупатори кон земјите кои ги окупираат. Да се мешате во внатрешната политика на една земја во 21 век е несфатливо. Мислам дека во таа смисла одговорот на МНР беше соодветен околу тоа барање“, рече Пендаровски како што пренесе ТВ21.
Министерството за надворешни работи вчера реагираше на изјавата на бугарскиот ВД министер за надворешни работи кој побара и Бугарија да се вклучела во процесот на уставни измени во Македонија.
„Процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската Унија.
Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на с. Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност, ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков“, стои во соопштението на МНР.







