Внукот на 35-от претседател на САД, Џон Кенеди, Роберт Кенеди Џуниор, се пријавил за претседателските избори во 2024 година, објави Си-Ен-Ен.
Адвокатот за заштита на животната средина и активист против вакцинација Роберт Кенеди Џуниор поднел барање до Федералната изборна комисија да се кандидира за претседател во 2024 година на Демократската партија, се вели во извештајот.
69-годишниот Кенеди помладиот е син на поранешниот сенатор од Њујорк и државен обвинител на САД Роберт Кенеди и внук на 35-от претседател Џон Ф.
Кенеди е вториот регистриран претседателски кандидат на Демократите. Претходно, писателката Маријана Вилијамсон ја започна својата кампања за номинација на демократите.
Актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден, се уште официјално не најавил учество на претседателските избори.






