Хари Локвенец, директор на Железници Инфраструктура во СТУДИО 10 на ТВ 24, ветува унапредување на железничкиот сообраќај во земјава, и вели дека проблемите веќе нема „да се ставаат под тепих“ заради безбедноста на граѓаните.



„Обврска на секое железничко претпријатие е да врши машинско мерење на квалитетот на пругата. Тоа 10 години не беше направено кај нас.

Според неофицијалните резултати засега, состојбата е многу лоша и затоа возовите возат со 20 километри на час. Но затоа веднаш почнуваме да преземаме мерки за санација на пругата. Освен пругата, мора да бидат во одлична работна кондиција и сигнализацијата, вели Локвенец во гостување на ТВ 24.

Македонски Железници инаку, прославуваат 150 години постоење…