„Фирмата на сопругата на премиерот купила државно земјиште по цена од 70 денари за квадрат, одобрението го потпишал вицепремиерот Први, Артан Груби.



Ако може во центарот на Скопје, зошто да не може во с. Раклиш, Радовиш“.

Ова е реагција на аналитичарот Џевдет Хајредини на скандалот со продажба на државна парцела за изградба на фотоволтаична централа на сопругата на актуелниот премиер.

Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа.

Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.