Македонскиот амбасадор во Русија, Ненад Колев, му ги предаде акредитивните писма на Путин

Амбасадорот на Македонија во Русија, Ненад Колев (втор оддесно), денеска му ги предаде акредитивните писма на рускиот претседател Владимир Путин на заедничката церемонија во Кремљ за 17 нови шефови на дипломатски претставништва на странски држави во Москва.



„Нашата принципиелна позиција во односите со Северна Македонија останува непроменета: ние се залагаме за сеопфатен развој на нашите односи, за решавање на сите прашања од билатералната агенда“, рече Путин во обраќањето.

Покрај од Македонија, Путин ги прими акредитивните писма и од новоименуваните амбасадори на САД, Европската унија, Данска, Норвешка, Мексико, Парагвај, Хондурас, Екваторијална Гвинеја, Зимбабве, Оман, Сирија, Ирак, Камбоџа, Гвинеја, Брунеи и Абхазија (отцепен дел од Грузија признат од Русија).