Бугарија бара да биде дел од процесот на промена на македонскиот устав

Веста дека официјална Софија сака да учествува во примената на уставот на Македонија ја пренесоа повеќе бугарски медиуми, повикувајќи се на државната бугарска новинска агенција – БТА, јави Канал 5.
Коментирајќи го премачкувањето со боја на таблата на сега згаснатиот бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Милков се осврнал и на процесот на уставни измени во Македонија.



,,Како што дознаваме, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на Уставот, посочил бугарскиот министер пред бугарските медиуми. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено и би сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Османи и се надевам дека ќе одговорат”, изјавил Милков, пренесе БТА.

Македонските власти не го објавија ова барање на Софија.