Пленковиќ: Најдете решенија за Уставот адекватни за вашата земја

Одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени и понудата од ВМРО-ДПМНЕ за пресликување на преамбулата на хрватскиот Устав, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пак, не сакаше да дава сугестии, но истакна дека наведувањето на Хрватите во македонскиот Устав ќе биде поздравено од Загреб.



„Без оглед на тоа каков е уставниот модел на Хрватска, кој тука се споменува, јас би апелирал до македонските партии и институции да најдат решенија адекватни за вашата земја.

Во однос на подготвеноста на македонската Влада да се вклучи хрватското малцинство во Уставот ние и тоа како таа намера ја поддржуваме. Тоа е и начинот на унапредување на пријателството меѓу земјите“, рече хрватрскиот премиер кој е во посета на земјава.