Иако има логика бројот осум не означува број на корупциски скандали во кој е вклучен вицепремиерот Артан Груби е заклучокот на вчерашната емисија на Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.
,,Јас наместо на камен темелник очекував Артан Груби да биде викнат во Јавното обвинителство и наместо со маичка на која што го има бројот 8 да ја има маичката 22 затоа што спорниот тендер за надзор на изведба на овој проект кој што чини милијарда и 300 милиони евра е премногу скандалозен”, рече вчера пратеникот Јован Јаулески на Алфа.
Наместо на камен темелник Артан Груби требаше да биде викнат во Јавното Обвинителство, изјави во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
„Јас наместо на камен темелник очекував Артан Груби да биде викнат во Јавното обвинителство и наместо со маичка на која што го има бројот 8 да ја има маичката 22 затоа што спорниот тендер за надзор на изведба на овој проект кој што чини милијарда и 300 милиони евра е премногу скандалозен. Она на што сакам да се осврнам е да потсетам на овој скандал за тендер за надзор кој што го направи Артан Груби каде што се избраа четири фирми од кои што едната фирма е за правење на долна облека од Велес, ‘Електра Солушн’, додека другата фирма ‘Ептиса’ имаше негативна референца од самата влада каде што имаше заклучок на владата да општините и институциите не соработуваат со неа и во тек додека траеше јавниот оглас за избор на фирма кој што ќе врши надзор истата фирма замислете, добива лиценца“, изјави Јаулески.
Јаулески вели дека дека според договорот за надзор за само четворица вработени ќе се исплатат хонорари од 900 илјади евра, односно по 225 илјади евра.
„И што е пострашно фирмата за долна облека што одеднаш стана експертска фирма за спроведување на надзор од тие 22 милиони евра, треба да поминат 8,3 милиони евра пеку неа. Ова е аларм за да седнат што побрзо на обвинителна клупа и да дадат изјава за овој спорен тендер и за тоа како во пет дена склучија конзорциум, од кој што едниот газда на едната фирма е осомничен за слична криминална шема во друга држава“,
истакна Јаулески.
Целата емисија во која Јаулески открива и што се случува со влезот на финансиската полиција во домот на неговиот татко при гласањето на недоверба на владата кога беше киднапиран пратеник и со палењето на возило на неговото семејство во Струга во видеото.





