Груби дарежлив: Ја поклони и маичката на новинар откако му постави прашање дали „Арбериа дизајн“ му ја печателе

Артан Груби, првиот вецепремиер, на денешната свеченост по повод отпочнување на изградбата на Коридор 8 се појави со маичка во стилот на проектот, една 8-ка и две линии кои треба да ги одбележуваат делниците.  Груби се однесуваше како домаќин на настанот на кој присуствуваше владиниот состав, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, амбасадорката на САД, Анџела Агелер.



Но сепак не одговори на прашањето дали маичката му ја испечатила фирмата „Арбериа дизајн, фирма која изминативе 10 години земала речиси 180 тендери од институции раководени генерално од кадар на ДУИ.

На прашањето на новинарот од „360 степени“, кој забележал дека возилата на „Арбериа дизајн“ биле паркирани околу бината, Груби наместо одговор му ја подари маичката.

-Дајте радувајте се ве молам, радувајте се, се гради во државава, сите ќе имаат работа, ќе биде добро за цело општество, за сите граѓани, мислам дека маичката можам и да ви ја подарам – рече Груби.

Претходно во прес-центарот во Владата, Груби ја подари и вратоврската.