Сопругата на премиерот Ковачевски не е само убава и умна како што вели нејзиниот сопруг туку има и врски во владата на човекот со кој е во брак.
Радио Слободна Европа на македонски јазик објавува дека Владата ја задолжила општината Радовиш да ѝ продаде на фирмата во која една од сопственичките е Елена Ковачевска, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа.
„Радио слободна Европа“, додава дека иако Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен.
Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа.
Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.
Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати.
Повеќе детали на Радио Слободна Европа






