Утрово, бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е избришан од Централниот регистар, откако претходно министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.



Министерот го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името бугарскиоит цар во името на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари во Охрид.

Претходно со одлука на министерот за правда, а по мислење на надлежната Комисија, од Централниот регистер беше избришан и бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови беа обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се закануваше укинување. Рокот за поднесување на барањето беше до 16 февруари.