„Дали ние, љубителите на слушање (и колекционирање) музика на винили (грамофонски плочи) сме криминалците во оваа држава кои треба да бидат уловени, уништени….за да ни “процвета” државата?
Ако е така…..ете, се пријавувам/е како доброволец/и…..курбан што би се рекло….Затворете ме/не.“
Ова е реакција на еден од љубителите и колекционери на грамофонски плочи во земјава кои се реевиолтурани и засрамени од акцијата на Царинската управа која во неделата упаднала на регионален колекционерски настан во Куманово, каде пред стотина гости од соседните земји, Србија, Црна Гора и Косово, привела петмина колекционери од Србија и ги запленила нивните плочи со образложение дека продавале нецаринета стока.
Не засрамивте како народ….како група на луѓе….колекционери….не засрамивте пред цел ОТВОРЕН БАЛКАН. Од вчера, по се што се случи, ништо повеќе нема да биде исто…..никој нема да сака повеќе да дојде и да биде малтретиран …..ниту пак берзите ќе имаат некаква смисла доколку останат само локални. Уште една ефтина (но прекрасна) забава за обичниот народ – е уништена, пишува во објавата на Фејсбук на еден од љубителите на старите винилни носачи на звук.
рацијата на мобилниот тим на Царинската управа се случила во неделата околу 11 часот, еден час пред официјалното отворање на манифестацијата Берза на винили, на која петмина домашни и десет регионални колекционери требало да се претстават пред публиката. Додека сè уште ги поставувале штандовите, дошла царинската контрола и запленила околу 500 плочи. Ги одзеле само плочите кои се донесени од странство, а не и домашните, дознава Плусинфо






