Амбасадорот Белевски ,,се зацрни” со промоција на придавката ,,Северномакедонски”

Амбасадорот на Македонија во Белгија Методија Белевски на својот фејсбук профил и на Твитер споделил линк од неговата средба со Барбара Дитрих, сопственичка на списанието “Дипломатски свет” во Брисел во кој ја промовира антимакедонската ,,северномакедонски” придавка.



Наместо да реагира и да протестира на користењето на навредливата придавка амбасадорот Белевски преку овој пост ја промовира придавката “северномакедонски вина”, што е спротивно на официјалното толкување кое го промовира МНР и каде според Договорот од Преспа се потенцира дека придавката останува без додавки, односно македонски.

Инаку амбасадорот Белевски од медиумите беше посочен како човекот од раководството на МНР кој вршел притисок врз работата на македонските членови кои се дел од заедничката историска комисија со Бугарија.

Заради ваквиот политички притисок членот на таа комисија, историчарот Ванчо Ѓорѓиев, во октомври 2021 година си поднесе оставка. Кратко потоа, веројатно како награда за ваквиот “екстра” труд на Методија Белевски, истиот од владата беше предложен за амбасадор во Белгија.

На функцијата амбасадот во Брисел претседател Пендаровски го испрати по брза постапка, без транспарентност, односно без амбасадорот Белевски да ги претстави своите дипломатски тези пред пратениците во Собранието, како што е уредено со закон.

Придавката северномакедонски Белевски на Фејсбук ја објавил само за своите пријатели а на Твитер е објавена јавно да можат да ја видат сите

Информацијата за скандалот со Белевски првично ја објави expres.mk

Македонски амбасадор при здрав разум ја промовира придавката северномакедонски