„Дечки, го пробивте секој плафон и секое дно“: Мицковски за етничко-емотивните состојби на Албанците

Новинарот Ивор Мицковски реагира на изјавата на Имер Селмани, некогашен кандидат за претседател на Македонија, кој ја објаснува потребата од бришењето 20% од Уставот и прифаќањето на „албанскиот јазик“ во македонскиот Устав.



„Суштината е да не бидеме бројки или проценти, туку да се каже јасно и гласно дека се работи за албанскиот јазик. Ова е еден психолошки и емоционален момент“, го цитира Мицкоски емоционалниот Селмани.

„Знаете каде стојат и како се чувствуваат Македонците од психолошки и емотивен аспект? Згазено, искрадено, понижено, девастирано, мајоризирано, идентитетски загрозени и упропастени – вели Мицковсѝки..

„Не велам дека се тоа е реално, ама емотивно и психолошки сигурно е точно.

Македонците мораа да бидат и се уште се 30 години негирани после осамостојувањето, да направат претешки компромиси, да сменат знаме, име, да задоволат туѓи права после воен конфликт, да живеат со фактот дека секоја група или пејач им менува химна и партизански песни, да се помират дека секој државник или странски функционер погрешно ги именува, да секогаш некој сосед им негира јазик, историја, култура, антифашизам и се што не прави нација.

И сега кога треба уште едно силување да прифатиме и да бидеме повторно, по 100 пат прагматични, нашите сограѓани или нивните претставници ни зборат за нивните етнички психолошко-емотивни состојби.

Да можеше да се стави градација на немање осет и солидарност од албанските политиканти кон македонските граѓани, вие дечки го пробивте секој плафон и секое дно.

Малку осет е потребен, не само себично етничко поентирање и самозадоволување“, пишува Мицковски на Фејсбук.