Наставното ливче што им било дадено на првооделенците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ било преземено од австралиска веб-страница „Twinkl“, која содржи наставни материјали што може да ги користат наставниците за време на нивните предавања во конкретниот случај за предавање во врска со „месец на ЛГБТ историјата среќно семејство 2023“, на самиот врв ќе ви се појави токму оваа слика на „татко и син“, велат од Коалицијата за заштита на децата.
Конкретното наставно ливче може да се пронајде во пребарувачот доколку напишете „LGBT history month happy family 2023“,пренесува Слободен печат
Единствената разлика меѓу оригиналното наставно ливче и ливчето што им е дадено на првооделенците е насловот, односно во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото е насловено „Рецепт за среќно семејство“.
Директорката на училиштето, Соња Кирковска потенцираше дека „Во објавената слика, односно завршна активност од часот, се претставени татко со синови и мајка со ќерка (еден пример на еднородителско семејство и пример на згрижувачко семејство)“, но од Коалицијата реагираат на ваквата лага:
„Поради ваквите лаги и манипулации, сметаме дека нема место за г-ѓата Кирковска во образовните институции, со оглед на тоа што таа претставува типичен лош пример за децата. Затоа, бараме под итно да си даде оставка, додаваат од Коалицијата, а од родителите кои ја потпишале изјавата побараа јавно да се извинат и да ја признаат грешката“.






