Македонски амбасадор при здрав разум ја промовира придавката северномакедонски

Македонскиот амбасадор во Брисел Методија Белевски свесно и при здрав разум ја промовира придавката северномакедонски.



Белевски кој е познат како дипломатски кадар на Зоран Заев и Димитар Ковачевски кој стана познат откако по налог на Никола Димитров и Бујар Османи вршеше притисок врз членови на комисијата за историја со Бугарија и со тоа директно го негираше македонскиот идентитет.

Белевски кој на контроверзен начин замина да биде амбасадор на Македонија во Белгија наместо да ја промовира придавката македонски во јавна комуникација ја промовира и споделува придавката северномакедонски иако знае дека таа е спротивна на сите македонски правила вклучително дури и на Преспанскиот договор, открива expres.mk.

Зошто овој контроверзен амбасадор кој е еден од ретките кој избегна дебата во Комисијата за надворешна политика во Собранието и за амбасадор отиде само со потпис на Пендаровски го негира македонскиот идентитет е прашање на кое одговор треба да дадат Бујар Османи, Димитар Ковачевски и претседателот Пендаровски кои дале дозвола тој да замине за амбасадор.

Најнова поврзана вест

Амбасадорот Белевски ,,се зацрни” со промоција на придавката ,,Северномакедонски”