Словенечкиот премиер Роберт Голоб кој денеска беше домаќин на премиерот Димитар Ковачевски при официјалната посета на Словенија, вели дека нема да дозволи да се поставуваат дополнителни услови на Македонија.
„Македонија е дел од Европа, секогаш била и сега е време да стане дел од европското семејство. Предолго се чекаше на тоа и денес овој процес конечно се мрдна од место и треба сите да направиме сè што можеме никогаш повеќе да не застане. Јас знам дека уставните измени се тешка задача, но верувам дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти. Сегашниот процес на преговори не смее да застане.
Ќе инсистираме да одите понатаму и освен промената на Уставот, да не се бараат и поставуваат други услови“, кажа Голоб на заеничката прес-конференција со Ковачевски.

.






