Жестоки критики за „ЕУ-Владата“ на СДСМ-ДУИ: РМ во ЕУ во 2328! – Се ниша ли коалицијата АА-СДСМ-ДУИ?!

Пишува: Свето Тоевски



„Владите на СДСМ и ДУИ откако ја презедоа власта во Македонија во 2017 година се до денес немаат постигнато никаков напредок во спроведувањето на реформите потребни * Македонија да се подготови за зачленувањето во ЕУ. Со ваквиот ритам на спроведување на реформите на * Македонија ќе и бидат потребни 306 години, за да ги исполни целосно стандардите на ЕУ!“ – овие жестоки критики за начинот на „европското функционирање“  на криминализираната Влада на Македонија, уште откако премиер стана Заев и откако го наследи Димитар Ковачевски, се содржани во најновиот, мартовски Извештај на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ од Скопје, кој е штотуку објавен под наслов „Подготовката на * Македонија за зачленување во ЕУ –  блокирана во наследството на Груевски“.

Но, можеби уште поважен факт е тоа што двајцата главни раководители на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ од Скопје Арбен Фетаи и Омер Ајдини се едновремено и високи функционери на Алијансата за Албанците, која како партија е и дел од Владата, покрај ДУИ и СДСМ!

На веб-страницата на Институтот пишува дека Арбен Фетаи, како основач и директор на овој Институт, е „политиколог специјализиран за европски студии на Слободниот Универзитет во Брисел“ и оти тој живее во Брисел и „моментно е ангажиран како консултант во меѓународни фондации од областа на развојот и европските политики“. Омер Ајдини е службеник на проект и тој „магистрирал развојни студии на Универзитетот во Малезија и оти „има долгогодишно искуство во истражување и анализа на јавните политики“.

Според последните расположливи информации,  во повеќе настани Арбен Фетаи се појавува во улогата како шеф на кабинетот на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, па и него го придружува во партиски средби со различни дипломати и други политичари. Омер Ајдини е во овој момент претседател на Форумот на младите на Алијансата за Албанците.

Се отвора прашањето: дали индиректно преку споменатиот извештај Алијансата за Албанците од свои, се уште непознати мотиви и причини, се решава да се впушти во жестоки критики на Владата, во која штотуку влегла, и на своите два главни коалициски партнера ДУИ и СДСМ?! Дали ова веќе потврдува одредени шпекулации, кои проструија во последниве неколку дена во одделни албански медиуми, дека коалицијата на Алијансата за Албанците со ДУИ и СДСМ е пред распад, или можеби веќе и се распаднала?!

Посебно е интересен фактот што Арбен Фетаи до пред да прејде во редовите на Алијансата за Албанците бил висок функционер и во владејачката косовска партија „Ветвендосје“, чиј претседател е премиерот на Косово Албин Курти! Албанските медиуми во Балканот, меѓу кои и порталот „Економија“, објавија дека во март 2017 година Арбен Фетаи бил избран како претседател на Претседателството на Центарот на партијата Самоопределување за Белгија, таму кај што и живее тогаш и денес. Дали е можно Арбен Фетаи и денес да има задржано одредени контакти со својата некогашна партија Самоопределување, односно таа преку него да остварува и сега одредени макар и индиректни влијанија врз политиката и функционирањето на Владата на Македонија, или не?!

Сомнежите и претпоставките дека можеби нешто веќе започнува да се случува меѓу Алијансата за Албанците и Владата, односно со ДУИ и СДСМ, се зголемуваат кога ќе се обрне внимание и на објавите на фејсбук на Арбен Фетаи, шефот на кабинетот на Таравари, кој во последните десеттина дена се огласува со остри критики директно на адреса на ДУИ, на Бујар Османи и на самиот лидер на ДУИ Али Ахмети.

Во една објава од 25 март на фејсбук, придружена со видео-снимка, на која Али Ахмети дава изјава, Арбен Фетаи иронично пишува: „Премногу научната анализа… на последниот преродбеник, мислителот и втемелувач на ахметијанската идеологија!“

Во другите покарактеристични објави Фетаи истакнува: „Мијалковистан. Ако секоја држава има своја мафија, кај нас мафијата си има држава!“; „Кого застапува Бујар Османи?“; „Кај нас се води расправа дали ќе има 100-дневен премиер од втората партија во коалицијата. Напразно се зборува за европеизација. Европа е друга галаксија за нас. Со овие вредности, што ги има,* Македонија заслужува да и се приклучи само на Евроазиската унија на Путин!“.

Инаку, еве ги најважните согледувања од воведниот и заклучниот дел на споменатиот извештај на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“:

„Владата на СДСМ-ДУИ започна во мај 2017 година. Во овие години од нејзиното владеење Владата на СДСМ и ДУИ усвои серија стратегии за европска реформа, почнувајќи од Планот 3 – 6 – 9 во 2018 година, Планот 18 една година потоа, како и во 20121 година Акција 21 и планот Европа дома. Но, кој беше реалното влијание на овие планови за реформа од страна на Владите на Заев 1 и 2, како и на оваа Влада на Ковачевски? Што откриваат извештаите за напредокот на Европската комисија во врска со постигањата на Владите на СДСМ и ДУИ во зголемувањето на подготовките на * Македонија, за да стане членка на Европската Комисија?“

„Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ ги анализираше извештаите за напредокот на Европската комисија почнувајќи од 2015 година се до последниот извештај, за да го оцени одразот на реформите на Владите на СДСМ и ДУИ во поглед на доближувањето на * Македонија кон ЕУ.“

„Просечната оценка од 33 поглавја на Европската комисија докажува дека * Македонија нема забележано никаков напредок во периодот од последната година на Владата на Никола Груевски се до Владата на Ковачевски во 2022 година. Се соочуваме со целосен застој. Ситуацијата е непроменета од 2015 до 2022 година. Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ пресмета дека со ваквиот ритам на реформи, покажан од Владата на СДСМ и ДУИ, на * Македонија ќе и требаат 306 години, за да ги исполни целосно стандардите на ЕУ: Значи, според оваа динамика, * Македонија би достигнала добро напредната подготовка за зачленување во ЕУ во 2328 година.“

„Што се однесува до принципите на правната држава, според извештаите за напредок во периодот од 2015 година е постигнат само маргинален напредок од 0,5 отсто во поглед на функционирањето на правосудството, борбата против корупцијата и слободата на изразување. Во борбата против организираниот криминал ситуацијата е иста како во времето на владеењето на Никола Груевски, значи не е постигнат никаков напредок и оценката е 0 (нула).

„Ангажманот на ЕУ во Балканскиот регион треба да се всредоточи кон две главни оски, кои се суштината на самата Европска Унија: 1. Зголемување на економската конвергенција (приближување) и со единствениот економски пазар, покрај другото, и преку повторното динамизирање на Берлинскиот процес; 2. Создавање Европска иницијатива за владеење на правото, која беше напуштена како идеја на Самитот во Софија (2018) под неразјаснети околности, иако сите партнери на земјите од Западен Балкан се согласни дека непостоењето на правната држава, како и криминалот и корупцијата ќе продолжат да бидат најголемиот проблем во регионот.“

„Ако не бидат сериозно решени овие два приоритета и ако процесот остане непроменет, тогаш ќе биде јасно дека нема да има нови зачленувања во ЕУ со децении нема да има нови зачленувања во ЕУ.“