Уште една погрешна политичка проценка на Ковачевски, втора за 24 часа

Две погрешни политички анализи на премиерот Ковачевски за 24 часа.



Најпрвин во Црна Гора загуби Мило Ѓукановиќ кој не само што доби поддршка од Ковачевски туку македонскиот премиер сними и видео за црногорецот кое беше избришано веднаш по поразот на екс црногорскиот претседател.

Пропагандата на Ковачевски експресно ја избриша поддршката за Ѓукановиќ откако виде дека губи на изборите (ФОТО)

Втората лоша анализа на Ковачевски е оценката за бугарскиот радикал и антимакедонист Костадин Костадинов кој од Ковачевски беше наречен политички магиналец а тој вчера стана политичка фигура која може да ја одреди идната бугарска влада.

Партијата Преродба на Костадинов која важи за проруска доби 39 пратеници во идниот бугарски парламент и без неа тешко ќе се формира нова политичка влада во Софија.

За Ковачевски Костадинов е политички магиналец.

Целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку провокативни изјави, ама нема да им ја исполниме желбата – одговори Ковачевски пред неколку месеци на прашањето како ја коментира изјавата на Костадин Костадинов на чествувањето на Мара Бунева во Скопје.

,,Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото”, рече тогаш Ковачевски кој сега можеби ќе треба да разговара со Костадинов како дел од бугарската влада за неговата теза дека Македонија е бугарска.