Нема „име на маса“, вели шефот на грчката дипломатија

 

 

Актуелната влада во Атина, сака  да ги реши проблемите, а „доколку начинот на кој ги решаваме, одговара на долгогорочните државни интереси на земјата, интересите на регионот и е во рамките на европскиот дух, мислам дека треба да го направиме тоа“, изјави Никос Коѕиас вчера, пренесуваат грчки медиуми.



Шефот на грчката дипломатија вели дека се уште не е ставен конкретен предлог за име на маса и ги отфрли критиките дека владата во Атина нетранспарентно го води процесот околу спорот со северниот сосед.

„Оние кои сега нѐ прозиваат се оние истите кои не ја преземаа историската одговорност“ .

Тој истакнал дека „она што е потребно е Македонија да се привлече, а тоа го покажуваме, кон културата на консензус и компромис, што значи дека ниту ние, ниту тие не можат да добијат сè. Треба да најдеме компромис што е корисен за двете држави и кој ќе биде оддржлив…“.

Без да навлегува во детали околу прашањата кои се елементи на договорот тој додаде дека намерите се добри така што ниту Нимиц, ниту раководството на скопската страна, не ставија никакви имиња на масата додека „нам ни беше кажано дека сме го разбрале прашањето“,

Коѕиас вели дека биле „имагинарни сценаријата“ во извештаите во кои беа споменати имиња, но исто така и за резултатите од состанокот кој не се одржал поради лошите временски услови.

Во врска со притисоците од НАТО, рече дека јасно им ставил до знаење  „да не се збунат зашто секогаш кога се вио конфузија, тие создаваат проблеми во преговорите“.

Коѕиас, исто така, ја отфрлил можноста за влез на Македонија во НАТО под името пЈРМ, потенцирајќи дека во 2018 година би било добро да се реши прашањето“ додавајќи дека „одговорност е да се најде прозорец за решавање на овој проблем“.