Изборниот штаб на Јаков Милатовиќ прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора.
Ѓукановиќ според првите неофицијални резултати доживеа голем пораз.
Претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ освоил 42,4 отсто од гласовите, додека Јаков Милатовиќ 57,6 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 85 отсто од обработениот примерок, податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).
Граѓаните на Подгорица и Никшиќ слават, и пред просториите на Движењето „Европа сега “ чиј кандидат беше Милатовиќ, а лушето пејат „Мило, замина“.
Од друга страна, во штабот на Ѓукановиќ во старата владина зграда има само новинарски екипи, а присутни се само десет лица.
Нема информации кога Ѓукановиќ би можел да им се обрати на новинарите.






