Два дена откако доби плата поголема за 78 %
премиерот Ковачевски се пофали со пријатна прошетка по италијански град.
,,Го започнувам денот со пријатна прошетка со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама во Бардолино, Италија.
Пред почетокот на меѓународниот саем за вино „Винитали“, ги потврдивме нашите заложби за економски просперитет на државите”, објави Ковачевски без да каже каква корист од неговата пријатна прошетка имаат неговите граѓани.
Ковачевски за 15 месеци на чело на владата досега имал десетина средби со Рама и Вучиќ.
Со последната одлука на Уставниот суд Ковачевски ќе добива околу 150 илјади денари месечна плата.
Во дел од коментарите некои граѓани на премиерот му порачуваат воопшто да не се враќа во Македонија.
Го започнувам денот со пријатна прошетка со претседателот на Србија @avucic и премиерот на Албанија @ediramaal во Бардолино, Италија.
Пред почетокот на меѓународниот саем за вино „Винитали“, ги потврдивме нашите заложби за економски просперитет на државите. pic.twitter.com/x2OcUHyslm
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) April 2, 2023





