Фракцијата му реплицира на Али Ахмети откако тој им порача дека статутот не дозвлува фракционерство во ДУИ. фракционерите го обвинија Ахмети дека и тој го прекршувал статутот, кога ја почитувал политичката волја.
-Фракцијата ќе биде активна во иднина, ќе има свои структури и ќе ги презентираме не само структурните разлики, туку и програмските и нашите политички идеи и позиции за секоја тема. Точно е дека тоа го нема во статутот, но во Демократската унија за интеграција многу работи беа преземени и поважна беше политичката волја отколку статутарната норма. Бидејќи, ако одиме така, дури и координаторите кои беа поставени во Сарај и Чаир, кои обично се поставуваат од други области за да бидат неутрални, овде беа поставени од истите ограноци, па тие се координатори за поделба на ограноците во Чаир и Сарај – велат тие.







