Црногорската полиција уапси 84-годишен маж осомничен дека со нож нападнал 64-годишен маж пред избирачко местово Подгорица.
Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со изборниот процес, туку дека станува збор за претходен конфликт меѓу членови на семејството.
„Полицијата го лиши од слобода С.Б.(84), кој по вербален конфликт со нож го повреди својот посинок Д.И.(64), кој е член на избирачкиот одбор. Ножот е пронајден на местото на настанот“, соопшти полицијата.
Повредениот е пренесен во болница.







