До 100.000 евра казна ќе се соочат Италијансцуите кои користат англиски и други странски зборови во официјална комуникација, доколку помине предлогот на пратеникот Фабио Рампели кој има за цел зачувување на италијанскиот јазик.
Предлогот веднаш доби поддршка и од премиерката Џорџа Мелони.
Предлог-законот првенствено е насочен против прекумерната употреба на англиски зборови, што, како што е кажано, го понижува и умртвува италијанскиот јазик, уште полошо е тоа што Велика Британија воопшто не е членка на Европската Унија.
Законот, за кој допрва ќе се расправа во парламентот, бара од сите јавни функционери да имаат „писмено и усно познавање и владеење на италијанскиот јазик“. Тој исто така ја забранува употребата на англискиот во официјални документи.
„Ова не е само прашање на мода, модите поминуваат, англоманијата има последици по целото општество“, стои во предлог-законот.
Според членот 2 од овој закон, италијанскиот јазик ќе биде „задолжителен за промоција и користење на јавни добра и услуги на националната територија“.
Ако не се почитува, може да се изрече казна меѓу 5.000 и 100.000 евра.






