На социјалните мрежи се споделкува морничаво видео на кое се гледа како гори балон на речиси 100 метри над земјата во близина на древниот град на Ацтеките, Теотихуакан. Во балонот имало три лица.



На почетокот на видеото се гледа како едно лице скока од кошот обидувајќи се да се спаси, а цело време се слушаат застрашувачки и заглушувачки врисоци.

По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост.