Лажна е веста дека функционерите на СДСМ се откажуваат од зголемените плати за 78 %

Лажна е веста дека сите функционери на СДСМ се откажуваат од зголемените плати за 78 проценти која денеска се појави на социјалните медиуми на ,,Принтскрин”.



Најверојатно се работи за првоаприлска шега затоа што на македонските медиуми не може да се најде ваква вест.

Од СДСМ најавија дека ќе предложат законски измени за да се намалат платите што ќе ги добиваат доминантно нивни функционери но нема најава дека тие ќе ги даваат платите на уставобранителите како што стои во лажната вест.