Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата на партиското раководство во Мала речица за медиумите истакна дека фракции не се дозволени.
„Фракција врз основа на статутот на ДУИ и одлуките на Конгресот, не се дозволени. Да го почекаме Конгресот, на Конгресот јас повторно ќе предложам, со најдобра цел да победи мојот предлог за непризнавање на фракции во ДУИ. Секоја постапка надвор од Статутот е анархија. А анархијата е најголемиот непријател на демократијата. Начелото е малцинството да се придружи на мислењето на мнозинството, тоа е најдемократското начело. Во спротивно да направиме анархична партија и да работиме кој како сака“, рече Ахмети.
Претходно таканаречена Огнена група најави дека ќе делува како фракција во рамки на партијата.





