Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН и покрај апелот на Украина до членките да го блокираат руското преземање, пишува Би-Би-Си.
Секоја од 15-те членки на СБ на ОН го презема претседавањето на еден месец на ротирачка основа.
Кога Русија последен пат претседатаваше со Советот, во февруари 2022 година, започна инвазија на Украина.
Во моментов, Советот за безбедност е предводен од земја на чиј претседател е распишана меѓународна потерница за наводни воени злосторства оиткако Меѓународниот кривичен суд, минатиот месец издаде налог за апсење на Владимир Путин.
И покрај приговорите на Украина, САД рекоа дека нема да ја блокираат Русија, постојана членка на Советот за безбедност, да го преземе претседателството.
Постојани членки на Советот за безбедност се САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија. Функцијата е главно процедурална, но рускиот амбасадор во ОН, Васил Небензија, изјави за руската новинска агенција ТАСС дека планира да организира неколку дискусии, вклучително и една за контрола на оружјето.







