Лицето кое преку фејсбук профилот „Роберт Типчето“ му се закани на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговото семејство и партијата – се извини



Заканувачот пишува дека тоа било момент на недоволна промисленост и немал намера никого да убие.

„Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот, ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Момент на недоволна промисленост. Воедно секој греши како човек, ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад и јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија работам надвор од државата.

Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично му се извинувам за немилиот настан и ја прифаќам грешката“, пишува тој на социјалните мрежи.