Најмалку работната сила се плаќа во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Според извештајот на на Евростат, просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра
Работник во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра, велат од Евростат.
Трошоците за работна сила по час во индустријата во ЕУ лани изснесувале 30,7 евра, во градежништвото 27,3, а во услужните дејности 30,2 евра.
Во пресметаката на трошоците за работна сила се вклучени две главни компоненти – платите и социјалните придонеси што ги плаќаат работодавачите за работниците.







