Oдлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата, алармира економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, во изјава за Телма. Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставни суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите. На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет.

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите.
Шефот на државата ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.





