Ова е став министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој оценува дека тоа треба да е така – од морален аспект.



600.000 граѓани живеат со 150 денари на ден...

„ Од практичен аспект, секој политичар што ќе каже дека не му е битна платата веројатно не остава добра порака, бидејки значи дека има други извори. Јас немам други извори за егзистенција освен оваа плата. Се разбира, секој би сакал да има поголема плата.

Но од етички аспект, политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат зголемување на платите. Да, треба да има зголемување зашто платите се скандалозно мали, но тие треба да бидат последни.

Откако на сите ќе им се зголемат платите тогаш и на политичарите“, вели Османи.

Први на ред за зголемување треба да бидат граѓаните кои земаат околу минималната плата и околу просечната плата, па на крајот да бидат политичарите, рече министерот.