„Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот“, рече денеска на прес-конференција Марија Митева, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден.
Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите.
ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите“.






