Една десетина од луѓето кои живееле во Франција во 2021 година се родени во странство, објави националната статистичка агенција INSEE, пренесе Франс прес.



Речиси седум милиони луѓе или 10,3 отсто од вкупното француско население таа година се имигранти, односно „странци родени во странска земја“.

За споредба, во 1968 година, 6,5 отсто од жителите на Франција биле странци, се додава во извештајот.

Повеќе од 12% од имигрантите преброени во 2021 се родени во Алжир, други 12% во Мароко и 4% од Тунис, се вели во студијата. Повеќе од 8 отсто се од Португалија, 4 отсто од Италија, повеќе од 3 отсто од Турција и околу 3 отсто од Шпанија…

Миграцијата придонесе за разновидниот состав на земјата, рече Силви Лео Минез од агенцијата за статистика.

„Една третина од населението на Франција е поврзано со имиграцијата веќе три генерации“, рече таа.

Имигрантите и нивните потомци главно се интегрирале во општеството, а многумина имаат деца родени во Франција, покажува студијата.

Во третата генерација, девет од десет души имаат само еден или двајца баба или дедо кои емигрирале во Франција.