Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го прошетаа гостинот од Македонија, премиерот Димитар Ковачевски, во „Белград на вода“ за да му покажат колку се изградил главниот град на Србија.
„Велат дека при добра прошетка се прават најдобри планови и се водат најпријатните разговори. Додека со гордост му покажувам на мојот пријател Димитар Ковачевски колку se изградил Белград, разменуваме мислења за проширувањето на иницијативата ‘Отворен Балкан’, за ‘ЕУ-патот на нашиот регион’, за позицијата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката карта на Европа и светот, но и за плановите за претстојните состаноци и за новите проекти за поврзување“, објави Вучиќ на Инстаграм.






