Ќе го заштити ли МВР Ковачки од можно насилство од опседнатата министерка Петровска

По објавувањето на психијатриското вештачење за министерката за одбрана Славјанка Петровска според кое таа е опседната во организирана држава МВР веднаш ќе се погрижи за безбедноста на пратеникот Драган Ковачки и секој друг кој ќе ја обвини министерката јавно за корупција.



За криминолози наодот од психијатриското вештачење е сериозна индиција за мотив кај Славјанка Петровска да му наштети на Драган Ковачки при што не може да се исклучи и употреба на насилство.

Мотивот е препознатлив во формулацијата од психијатриската белешка од 26.02.2023.

Во вештачењето кое Петровска го потврди психијатарот забележал:

“Има непријатни мисли, 3 месеци повторувачки слики, често има немир, опседната е и напната”, што ја прикажува менталната и емоционална состојба во која се наоѓа Министерот за одбрана која командува со воената служба и армијата”.

По јавно изнесените факти, МВР и министерот Спасовски се должни да пружат превентивна заштита на пратеникот Ковачки од можна одмазда на актуелен министер за одбрана.