Боки 13 на операција

Адвокатите на Бојан Јовановски-Боки 13 ја информираа јавноста дека тој се наоѓа на операција во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“. Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат.



Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 ја потврди информацијата за „Макфакс“.

Според него, станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка.