Се затвора ли Американ Колеџ за партиско кршење на законот од екс колега на премиерот

Професорот Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура при Американ Колеџ каде што работел премиерот Ковачевски пред да влезе во владата го доведува во ризик функционирањето на факултетот но и на законот за високо образование.



Ова е ставот на шефот на комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски.

Ралев во исто време е декан на факултет и член на Извршниот одбор на СДСМ кој го води неговиот екс колега Ковачевски со што се крши законот за образование.

Милошоски кој од министерот за образование Јетон Шаќири веќе добил одговор дека едно лице не смее да биде и декан и да врши политичка партиска функција но Ковачевски се уште не го менува својот колега во Американ Колеџ и во СДСМ.

Ако Ковачевски не го смени Ралев тогаш Одборот за акредитација и евалуација во високото образование веднаш треба да го затвори Американ Колеџ.

Иако уште вчера многумина очекуваа Ралев да си даде оставка во ИО на СДСМ тој не го стори тоа со што затворање на универзитетот Американ Колеџ е една од можните опции.

Елаборацијата на Милошоски