Вегетаријанци? Во Македонија се јаде најмалку месо!

Мапа за потрошувачката на месо по земји во Европа, објавена од „Landgeist“, покажува дека Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Годишно овие земји консумираат по 39 килограми месо.



Во регионот, најголема потрошувачка на месо има Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител.

Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител.

Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.МИА