Османи го објави формирањето на Западнобалканската четворка!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти дека денеска во Скопје е формирана Западнобалканската четворка.



Османи во објава на Твитер истакна дека платформата на Западнобалканската четворка е во согласност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но и со демократските вредности и принципи.

На својот фејсбук профил Османи објави: Во фокусот е целосната усогласеност на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора со аедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во светло на новата гео-политичка реалност, хибридните закани, енергетската криза и економските последици предизвикани од руската инвазија на Украина. Секоја од овие земји поединечно, се покажа како доверлив партнер на НАТО и ЕУ. Заедничка стратешка цел на сите земји кои успеале да достигнат потполна хармонизација со одлуките на ЕУ е целосна интеграција во Унијата“.