Битиќи се пишмани – сега рече дека Владата го гледала решението кај своите граѓани, а не да увезуваат работници

Долгорочно решение за недостигот на работна сила во нашава земја е преквалификација на нашите сограѓани кои живеат тука и кои со доквалификации и обуки можат да се стекнат со нови вештини и да одговорат на барањата на компаниите. Ова го посочи вицепремиерот Фатмир Битиќи при денешната посета на компанија за производство на душеци во Гостивар. 



Ние имаме сограѓани кои се невработени, и примарна цел е да се направат способни да се вработат, и токму компании како Алмеро кои се спремни да се вклучат во процесот на дуално образование, во преквалификации и доквалификации на работната сила е клучот за проблемот со кој се соочуваме, а тоа е неодстиг на работна сила на пазарот на труд. Сите други решенија, како увоз на работна сила, не се трајни решенија, туку долгорочно решение е нашите сограѓани кои сакаат тука да живеат и да работат, да се стекнат со вештини, преку квалификации и доквалификации да се вклучат во работните процеси, посочи Битиќи. 

Воедно вицепремиерот посочи дека Владата издвојува финансиска поддршка за компанијата Алмеро, од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за циклус од пет години, која започнал во 2021 година и ќе заврши во 2025 година. 

Инвестицискиот циклус кој го планира компанијата достигнува скоро 5,6 милиони евра, а финансисакта поддршка согласно законот достигнува 33 отсто од вредноста и таа се доделува етапно, зависно како се реализираат инвестициите. Минатата година беа исплатени кон компанијата околу 70 илјади евра, за инвестиции направени 2021 година. И таа ќе проидолжи и годинава зависно од направените инвестиции. Инаку компанијата лани започна објект од 13 илјади квадратни метри, нов производствен капацитет и таму ќе бидат вработени нови 300 кандидати и секако ќе ги поддржиме, кажа Битиќи и дополни дека ова е комапнија која како и другите за кои се издвојува финансиска поддршка е во помалку развиентие плански региони во Македонија. Нагласи дека над 70 проценти од поддржаните компании минатата година биле надвор од најразивениот Скопскиот плански регион, и цел потикнување рамномерниот регионален развој.