Воени аналитичари сугерираат дека градот Бахмут е стратешки незначаен во напредувањето на руските сили кон внатрешноста на украина но претседателот Володимир Зеленски призна дека поразот во во овој град може да го принуди на компромис со Владимир Путин.



Бахмут е во центарот на повеќемесечните борби во источна Украина, при што и Русија и Украина тврдат дека нанеле огромни загуби на другата страна.

Загубата на Бахмут би направила нашата јавност да се чуствува уморно, истовремено дозволувајќи ѝ на Русија „да ја продаде оваа победа на Западот, на својата јавност, на Кина, на Иран“.

„Ако почувствува малку крв – ако помириса дека сме слаби – Путин ќе притиска, ќе притисне и ќе притисне“, рече Зеленски.

„Нашето општество ќе се чувствува уморно“, рече тој. Нашата јавност ќе ме принуди на компромис со него и тоа ќе биде негова победа“, рече Зеленски.