Австрискиот претседател во Македонија – ќе се обрати во Парламентот

На покана на шефот на државата Стево Пендаровски, сојузниот претседател на Република Австрија, Александер ван дер Белен, престојува во официјална посета на Македонија.



На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека австрискиот колега допатува во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер.

Покрај средба со неговиот домаќин, тој денеска ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски.

Предвидено е тој да има обраќање и во македонскиот парламент.

Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.

Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Македонија и Австрија“.

Ван дер Белен во земјава доаѓа по посетата на Албанија.