Американскиот истражувачки новинар Сејмур Херш изјави дека во летото и есента 2023 година Европа ја чека катастрофа.
Новинарот ја нарече ситуацијата во Европа „очајна“, посочувајќи ја невидената инфлација.
Според него, европските земји се обидуваат да се справат со проблемот со помош на течен природен гас, кој „не се произведува во доволни количини и чини три до четири пати повеќе“.
„Тие нема да имаат доволно гас за да обезбедат греење на населението. Не само во Германија, туку и во Западна Европа“, рече тој за РТ.
Новинарот исто така рече дека порано имало толку многу руски гас што Германија можела да го препродава. Според него, „имаше компании кои продаваа вишок руски гас на други компании“, но „сето тоа сега го нема“.
Херш истакна дека западните санкции наметнати на Русија не дале резултати.
„Санкциите не дадоа резултати. Мекдоналдс можеби ги нема, но тие сè уште продаваат хамбургери. Земјата не умира, луѓето живеат нормално“, рече Херш.
Според него, „летото и есента оваа година ќе се претворат во катастрофа за Европа“.
„И за тоа ќе биде виновен Бајден. Сакаше да го обезбеди својот реизбор или кандидатура (од Демократската партија). Нема да успее“, предвидува новинарот.
Исто така, Херш во интервју за RT рече дека Вашингтон фрлил нова верзија на бомбардирањето на Северен тек во медиумите, бидејќи Белата куќа знае кој ги организирал експлозиите и нема да ги истражува овие саботажи.
Извор: Фактор





