Чудата на нашето време!

Какво време да се биде жив!
Русија и Украина се во војна! Премиер на Англија е Индиец, а на Шкотска Пакистанец! Во Германија генерални штрајкови на незадоволните работници! Мексико се плаши од американска инвазија! Молдавија сама си изгласа дека нејзиниот јазик не е молдавски туку е романски! Милион луѓе излегоа на улиците во Израел против еден Нетанјаху! Девет милиони излегоа на улиците во Франција против еден Макрон! Во најпропаднатата земја во Европа, онаа која актуелната власт систематски, методично и крвнички за долги години ја упропасти, премиерот крајно сериозен се шета по маркети и купува продукти заедно со министри и директори, а камери го снимаат, новинари изјави му земаат. Платени бараби и дебили аплаудираат!
За сето горе набројано пред десет или 20, да не зборувам пред 40 години секој би рекол: НЕВОЗМОЖНО!
Ама еве, можно е и се случува. Чуда, велам, чуда!
Скромно мислење и став на збунетиот новинар Драган Милосављевиќ!