За избор на нови обвинители во Кичево и во Гостивар се пријавиле сопругата на Ислам Абази, шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција и синот на Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, дознава МКД.



За членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата нема ништо спорно иако меѓу кандидатите се деца или брачни другари на политичари и актуелни обвинители.

За нив важно било новите обвинители да не се во обвинителствата каде работат нивни блиски роднини, објави ТВ Сител.

Според антикорупционерите, притисоците и влијанијата се редовна појава, па дали новите обинители ќе останат имуни, зависи само од нивниот интегритет.