Во текот на 2021 година во нашата земја функционирале 70.424 компаниии, при што е забележано намалување од скоро триилјади компании анализира Фактор.мк.
Имено, како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните претпријатија во Македонија, во 2021 година, изнесува 70.424.
Година претходно, односно во 2020 година во нашата земја според податоците на ДЗС бројот на активни деловни субјекти бил 73.061 компании. Притоа дури и во 2020 година има пад на бројот на компаниите во споредба со 2019 година од 3,8 проценти.
Гледано од аспект на сектори на дејност, статистиката забележала дека се најбројни фирмите во трговијата – и на големо и на мало, заедно со поправка на моторни возила и мотоцикли, со удел од 31,1 процент.
Што се однесува до бројот на вработени, со 82,5 отсто убедлива е доминацијата на малите фирми. Таму се работно ангажирани од едно до девет лица.
Целата анализа прочитајте ја на Фактор.мк.







