Одри Елизабет Хејл (28) е напаѓачот која вчера смртно застрела три деца и тројца постари вработени во приватно христијанско училиште.
Таа е убиена од полицијата и како што се дознава, била поранешна ученичка токму во тоа школо.



Мотивот не е познат, но осомничената (опишана од полицијата како трансродово лице) имала детални мапи на училиштето, вклучително и влезни точки во зградата и оставила „манифест“ и други текстови што ги разгледуваат иследниците, изјави на новинарите началникот на полицијата Џон Дрејк.

Ова е последното во серијата смртоносни масовни убиствца во САД:

„Моите првични наоди се дека таа во еден момент била ученичка во ова училиште, но не е сигурно која година“, им рече на новинарите началникот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк.

Инспекторите веруваат дека пукањето било поттикнато од „некоја огорченост“ што осомниченичената го имала „зашто била приморана да оди во ова училиште“ .

Американскиот претседател Џо Бајден го опиша фаталното пукање како „одвратно“ и рече дека оруженото насилство ја кине „душата“ на нацијата.

„Тоа е само одвратно“, рече тој во Белата куќа. Бајден ја пофали полицијата што одговорила „во рок од неколку минути“, но го повика Конгресот да донесе забрана за „јуришно“ оружје.