Стоилковски како Баба Ванѓа за синот на Талат Џафери

За само 20 дена на површина излезе вистината. Синот на Талат Џафери- кандидат за ЈО во Гостивар, токму како што гласеше пресот на седми март!



Вака портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски потсетува на неговата прес конференција од пред три недели кога најави дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери кој немал соодветно образование за обвинител ќе добие позиција во гостиварското обвинителство.

„ДКСК не даде конкретен одговор, како е можно да се полага правосуден испит предвреме, ниту пак се отвори предмет за тоа, а нема одговори ниту дали е точно дека, според медиумите, ‘Џафери добил право да го полага правосудниот испит со дискрециона одлука на тогашниот министер Аднан Јашари’? Дали сега и вработувањето и изборот на Барлет Џафери ќе биде нечија дискрециона одлука? Затоа, Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?“, паша тогаш Стоилковски на прес конференцијата.

,,Ниту закон, ниту образование, ниту срам, ниту перде! Кога Таљо е во прашање, се може, се смее!
Таман напредуваат правото и правдата”, вели сега Стоилковски чие предупредување за синот на Џафери не предизвика реакции од никого во државата.